Хрватски фудбалер направи пенал каков што досега немало во историјата на фудбалот (ВИДЕО)
Бизарната сцена се случи во 67. минута од баскискиот дерби, при водство на Алавес од 2-1. Хрватот во обид да го запре Тони Мартинез во сопствениот шеснаесетник направи потег каков што ретко, ако воопшто, се гледа на професионалните терени – му го навлече дресот преку глава, целосно му го блокираше видното поле, а потоа дополнително го закачи по главата и грбот.
Судијата Алехандро Кинтеро првично не ја забележа ситуацијата, но по ВАР-прегледот покажа на белата точка и му додели жолт картон на хрватскиот дефанзивец. Мартинез, кој претходно веќе погоди од пенал, имаше шанса да го реши натпреварот, но голманот Алекс Ремиро го одбрани ударот и го спаси Реал Сосиедад. Гостите потоа се вратија во мечот, израмнија, а Лука Сучиќ го постигна победничкиот гол за пресврт и пласман во полуфиналето.
Потегот на Ќалета-Цар експресно стана вирален, а водечките шпански медиуми не штедеа зборови. „АС“ напиша: „Досуден е пенал за нешто што не е видено во 123 години од Купот на кралот и речиси 100 години Ла Лига. Фаулот на Ќалета-Цар е апсолутно надреален.“
Ништо поблага не беше ниту „Марка“, која објави два текста на оваа тема: „Фудбал се игра повеќе од еден век, но ваков пенал никогаш не сме виделе. Хрватот влезе во историјата со потег што личеше на детска игра“.