Заврши првиот тренинг во Катар: Довицозо најбрз, следуваат Роси и Маркез

Андреа Довициозо од Дукати беше најбрз на првиот тренинг на почетокот на Мото ГП викендот во Катар. Неговиот најбрз круг беше со време 1:55,36.

Условите во Катар беа добри, а веднаш зад Довициозо, заврши возачот на Јамаха, Валентино Роси со време 1:55,42 додека трет беше Марк Маркез со задоцнува од 0,37 секунди.

Квалификациите за трката во Катар се во сабота од 17.20, а во недела трката се вози од 17.00 часот.