Заубер замина во историја: Алфа Ромео ќе вози наредната сезона во Ф1

Заубер заминува во историја, а новото име на екипата ќе биде Алфа Ромео Рејсинг, која се појавува во Формула 1 за првпат уште од 1985 година. Тие порано не можеа да влезат во „најбрзиот циркус“ во светот поради партнерските односи со Ферари, зашто заедно беа дел од Фиат групата.

Името на Заубер е од 1993 година, а истото остана и по купувањето од страна на БМВ од 2006 до 2009 година. Тимот освојуваше бодови секоја сезона, освен во 2014 година кога имаа големи финансиски проблеми.

„Големо задоволство е да објавам дека во Ф1 ќе влеземе како Алфа Ромео Рејсинг. По успешната соработка со Алфа во минатата година, направивме напредок на технички и спортски план, па од годинава сме Алфа Ромео Рејсинг тим“, кажа првиот човек на екипата, Фредерик Васур.

Во новата сезона за Алфа Ромео ќе возат легендарниот Кими Раиконен и Италијанецот Антонио Џовинаци.