Денеска започнаа зимските тестирања во Формула 1 пред стартот на новата сезона. Најголемиот дел од тимовите се појавија на патеката „Каталуња“ во Барселона да ги направат првите кругови со новите болиди.

Ред Бул ја покажа официјалната верзија на боите на болидот, а веднаш на стартот проблеми за Мекларен и за Фернандо Алонсо, кој остана без тркало и заврши крај патеката.