АКК Примо по успешната организација на Кружниот авто-натпревар „Скопје 2018“ во откомври, најави организација на уште една трка на патеката лоцирана на Булеварот „Гоце Делчев“ од Дускса Палата - Скопски Саем и паркингот пред ВИП.

„Скопје круг ноември 2018“ е закажана за 18 ноември, а официјалното отворање е од 11 часот додека трката почнува од 12 часот и таа ќе биде последна во сезоната за календарот на кружни патеки. На трката се очекуваат повеќе од 30 домашни возачи, но исто така и гости од странство.

Еден од специјалните гости на настанот во недела ќе биде првиот шампион на „Твинго Купот“, Боштјан Авбељ.

Исто така, настанот има хуманитарен карактер, па организаторот заедно со спонзорите ќе доделат донации на децата од СОС Детското село.

Програма на натпреварот:

Петок 16.11.2018

Технички преглед и верификација 16:00 – 20:00 часот

Сабота 17. 11. 2018 година

Технички преглед и верификација 08:00 –9:00 часот
Прва седница на жири 10:00 часот
Брифинг со натпреварувачите 11:00 часот
Официјален и неофицијален тренинг 12:00 часот
Втора седница на жири 18:30 часот

Недела 18.11.2018 година

Брифинг со натпреварувачите 10:00 часот
Свечено отворање 11:00 часот Натпревар 12:00 часот
Трета седница на жири 30 минути по завршување на натпреварот
Прогласување на победниците 30 минути по седницата на жири.