Валтери Ботас ќе стартува од првото место на трката за ГН на Азербејџан

Валтери Ботас од Мерцедес имаше најбрзо време во квалификациите за трката за Големата награда на Азербејџан, што ќе се вози утре во Баку. 

Финецот успеа да го победи својот тимски колега Луис Хамилтон, додека трето време имаше Себастијан Фетел од Ферари. Друштво на Германецот во вториот стартен ред ќе му прави Макс Ферстепен од Ред Бул.

Најдобрите десет ги комплетираат Серхио Перез, Данил Квајт, Ландо Норис, Антонио Џиовинац, Кими Раиконен и Шарл Леклер. 

Овие квалификации ги одбележаа и две излетувања на Роберт Кубица и Шарл Леклер и тоа на буквално истото место на истиот свиок.