Два инциденти во Баку: Кубица и Леклер се забија во ѕид на исто место (ВИДЕО)

Квалификациите за трката за Големата награда на Азербејџан одат потешко од очекуваното, бидејќи се случија два инциденти на буквално идентично место. 

На свиокот број 8 на патеката во Баку во заштитната ограда најпрво се заби Роберт Кубица од Вилијамс за време на првата квалификациска сесија, а потоа во втората истата грешка ја направи и возачот на Ферари, Шарл Леклер. 

За среќа двајцата возачи минаа без повреди.