Управата на Ферари порача: Вратата ни е отворена за Шумахер!

Синот на легендата на Ферари, Михаел Шумахер, 19-годишниот Мик е блиску до преселба во Формула 1.

Мик набрзо би можел да го наследи татко му во Формула 1, зашто со своите настапи во Формула 3 привлече голем интерес од екипите.

Шефот на Ферари, Маурицио Аривабене, кажа дека вратата е отворена за младиот Мик.

„Неговите резултати во последно време се многу добри и му посакувам голема кариера. Но, да го оставиме да се забавува. Секогаш велам дека младите возачи треба да бидат фокусирани, но во исто време да се забавуваат и полека да растат. Ќе видиме во иднина што ќе се случува“, кажа шефот на Ферари.