Трагедија: Српски автомобилист загина на трка во Краљево!

Голема трагедија се случи на трка во Краљево откако 38-годишниот автомобилист Владимир Шекуларац го загуби животот поради тоа што влетал во еден свиок со голема брзина.

Возачот во рамки на трка од „втора класа“ пребрзо влетал во еден свиок од патеката и поради доцна реакција удрил со огромна брзина во оградата која се наоѓала покрај патеката.

Трката веднаш била прекината, а тешко повредениот Шекуларац бил извлечен од уништениот автомобил и со Брза помош бил испратен во болница во Краљево, но и покрај големите напори на докторите, несреќниот возач го загубил животот.