Тојота е најпопуларна во светот, ќе се изненадите која марка ја сакаат Македонците!

Поранешниот најголем произведувач на автомобили, Тојота, е сè уште најпопуларна во светот. Јапонскиот бренд според статистиката е најмногу барана марка на интернет и тоа во 57 од 171 држава.

Како и во минатата година, јапонскиот автомобил е хит во САД, Канада, Австралија и голем број африкански земји.

На втората позиција се наоѓа БМВ, кој е најпопуларен во 25 држави, а тоа е пад во однос на минатата година, а потоа следи Мерцедес на третата позиција како најбарана марка во 23 држави.

Иако можеби многумина не би очекувале, но БМВ е најбараниот бренд во Македонија во статистиката, која ја објави „Вејго“.