Таткото на Макс Ферстапен му даде ултиматум на Ред Бул

Јос Ферстапен, татко на пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен, кажа што ќе биде пресудно за неговиот син да потпише нов договор.

Макс Ферстапен во моментов го зазема третото место во поредокот од шампионатот во Формула 1 со 185 бода зад лидерот Луис Хамилтон кој има 284 и Валтери Ботас со 221 бод.

Најважно е Макс да добие брз автомобил. Следната година тој дефинитивно ќе вози за Ред Бул, но за 2021 година, прашањето е отворено. Се зависи од тоа дали Макс ќе има автомобил доволно конкурентен да се бори за највисок пласман во шампионатот во 2020 година, изјави Јос.