Стравичен пад на Маркез, Квартараро на пол-позицијата во Малезија (ВИДЕО)

Светскиот шампион Марк Маркез имаше опасно излетување за време на вториот циклус во квалификациите за Големата награда на Малезија. 

Шпанецот загуби контрола при еден свиок на патеката „Сепанг“ и имаше стравичен пад. Тоа значеше дека мотоциклистот на Хонда ги загуби шансите за висок пласман и на утрешната трка ќе стартува како 11-ти. Маркез мина без посериозни повреди и би требало да биде целосно фит да вози.

Фабио Квартараро ја освои пол-позицијата од тимот на Петронас Јамаха СРТ, а првиот стартен ред целосно го окипираше Јамаха, бидејќи како втор ќе тргне Маверик Вињалес, а трет Франко Морбидели.

Потоа следуваат Џек Милер, Кал Крачлоу, Валентино Роси, Алекс Ринс, Данило Петручи, Јохан Зарко и Андреа Довициозо.