Скудерија Алфа Таури или порано познат како Торо Росо денеска имаше официјална промоција на својот болид за новата сезона во Формула 1. 

Италијанскиот тим сезонава во сопственост на Ред Бул сезонава ќе се натпреварува под ново име Алфа Таури со цел да се промовира модниот бренд. Болидот и натаму е со мотор на Хонда исто како и „постариот брат“ Ред Бул. Во ростерот на возачи нема промени, па остануваат Пјер Гасли и Данил Квајт.