Шумахер потпиша за Мерцедес

Мик Шумахер не се прослави во болидот на Хас и го загуби неговото место во Формула 1 за следната сезона, меѓутоа денеска потпиша договор со Мерцедес и ќе биде резервен возач за Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

Синот на седумкратниот светски првак во Ф1 доби шанса во екипата на Мерцедес, кој беше заинтересиран за Даниел Рикардо, но тој во меѓувреме потпиша за Ред Бул.

„Мик е интелигентен и млад човек. Тој имаше многу успеси во минатото. Веруваме дека може да му помогнеме да напредува. Мислам дека тој заслужува место во Ф1 и ќе видиме што ќе се случи“, вели првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.