„Шумахер плаче постојано кога ќе седне во инвалидска количка“

Германската легенда во Формула 1, Михаел Шумахер веќе пет години вегетира откако доживеа страшна несреќа на скијање на Алпите, па неговата состојба во изминатите години е непозната за светската јавност зошто семејството на Шуми не објавува детали.

Но, британскиот таблоид „Експрес“ во текст за легендарниот возач повикувајќи се на извори блиски до семејството открива потресни детали од животот на Шумахер во изминатиот период откако тој од болница беше префрлен во својот дом по излегувањето од кома.

„По тоа што го знаеме за неговите повреди, Шумахер е парализиран, не може да оди, ниту да разговара, но тоа што секако може, кое го тврдат нашите извори е дека може да покаже емоции. Според извештаите за здравствената заштита, сметките за неговата грижа веќе надминаа 22 милиони евра“, пишува „Експрес“.

Француски „Парис Меч“, пак, повикувајќи се на извор од семејството потенцира дека Шумахер постојано плаче кога ќе го седнат во инвалидска количка.

„Кога ќе го ставите во инвалидска количка и кога ќе се сврти кон прекрасната планинска панорама со оглед на езерото, Михаел почнува да плаче“, им рекол изворот на француските новинари.

И Англичанита, како и Французите заклучуваат дека во догледно време светската јавност нема да го види Шуми, но семејството секој ден се надева на медицинско чудо.

„Дали Михаел некогаш ќе се појави во јавност? Од малкуте информации кои досега ги даде семејството, се чини дека нема да го видиме во брзо време. Но, изворите велат дека Корина и неговите деца секојдневно се надеваат на медицинско чудо. Неговите пријатели, пак, посочуваат дека ако се земе в предвид во каква состојба е и во какви околности се наоѓа, легендта е добро“, посочуваат медиумите.