„Шумахер будно ќе ја следи кариерата на син му во Ф1“

Германскиот возач Михаел Шумахер го држеше рекордот по број на освоени титули во Формула 1 до оваа година, но Луис Хамилтон го израмни неговиот успех.

Поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод, кој е голем пријател на Шумахер откри дека синот на легендарниот возач наскоро ќе седне во болид од Ф1.

„Би биле воодушевени да го имаме новиот Шумахер на највисокото ниво на натпреварување. Секако дека Михаел ќе ја следи кариерата на Мих од следната година, а тоа е голем предизвик“, вели Тод.

Шумахер во моментов се наоѓа во вила на Ибица, чиј претходен сопственик беше претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а Тод не сака да открива повеќе детали за состојбата на поранешниот шампион во Ф1.

„Тоа е прашање за кое нема да откривам детали. Се гледаме со Михаел еднаш или двапати месечно. Но, мојот одговор ќе биде ист. Се бори, добро е тоа што за него се грижат како што треба“, објасни поранешниот шеф на Ферари.