„Семејството на Шумахер ме побара во 2014, но сега шансите за да оздрави му се мали“
Сопругата на Шумахер, Корина се грижи за поранешниот возач во Ф1 и троши многу пари за лекување на Германецот, а претходно кажа дека тој е свесен, но на поразличен начин од претходно.
Хрватскиот неврохирург, доктор Дарко Чуди кажа дека уште во 2014 година го контактирало семејството на Шумахер и побарало помош, а тој требало да вгради микрочип кој ќе му го олесни животот на возачот.
„Требаше да се направи нешто веднаш по несреќата, тогаш му беа поголеми шансите за да оздрави. Сега помина многу време и шансите за негово оздравување се мали“, вели докторот.