Розберг: Ферстапен повторно е агресивен, тоа не е добро!

Светскиот шампион во Формула 1 за 2016 година, Германецот Нико Розберг, смета дека на трката за Големата награда на Белгија пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен, се вратил на стартите лоши навики.

Холанѓанецот го нападна премогу агресивно на патеката пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, и го загуби растојанието, поради што удри во болидот на Финецот.

Ферстапен се врати во своето препознатливо светло. Тој е премногу агресивен. Не разбирам зошто го стори тоа. Има многу храброст, но овој маневар немаше смисла, изјави Розберг.

Ферстапен не ја заврши трката во Белгија.