Револуција во Ф1: Нови болиди и правила за поголеми возбудувања!

За речиси три месеци ќе почне 70. сезона во Формула 1, а во неа ќе следуваат уште поголеми возбудувања, но и нови болиди и правила.

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) објави дека пристигнуваат нови правила, па на болидите ќе има повеќе место за спонзорите, а тоа би значело и поголеми приходи за тимовите.

Новите сигурносни стандарди се фокусирани на системот за сопирање и заштитните возачки кациги, а промена на дизајнот на предното крило на болидот би требало да ги намали турбуленциите од аеродинамичкиот притисок.

ФИА се надева дека тоа ќе донесе поголеми возбудувања во новата сезона, која почнува во Австралија во март, а завршува во Емиратите на први декември.