Релито Дакар ја зема и втората жртва: Едвин Стравер почина од здобиените повреди (ФОТО)

Холандскиот мотоциклист Едвин Стравер почина денеска од последците од повредата добиени на овогодинешното издание на релито Дакар.

Едвин е втора жртва на Дакар, а Холанѓанецот почина од повредите со кои се здоби на 16. јануари кога се возеже 11. етапа на Дакар.

На 124-от километар од 11-та фаза Стрaвер имате тежок инцидент по кој претрпе срцев удар. На лекарите им беа потребни десет минути за да го оживеат пред да го однесат во болница со хеликоптер. Испитувањата покажале дека имало и фрактури на 'рбетот во пределот на вратот.

Осум дена лекарите се бореа за неговиот живот пред да ја загуби најважната борба во животот.

Стровер е втора жртва на годинашниот Дакар, а до сега вкупно 30 возачи го загубоја животот од 1979 година во ова натпреварување.