
Расел издоминира во Сингапур, Мекларен шампион помеѓу конструкторите!
Актуелниот светски шампион сепак повторно беше на подиумот и тоа на второто место, додек Норис беше трет, а лидерот во шампионатот го освои четвртото место. Со третата и четвртата позиција, Мекларен и дефинитивно ја обезбеди титулата кај конструкторите.
Пјастри и понатаму е прв во генералниот пласман со 336 бодови, пред неговиот колега од Мекларен, Норис кој има 314, Ферстапенн е на 273, а Расел четврти со 237.
До крајот на шампионатот остануваат уште шест трки, наредната се вози на 19 октомври во Остин.
Фото: Formula 1