Раководството на Ф1 не најде замена за трката во Русија

Раководството на Светската автомобилистичка федерација потврди дека годинава нема да има замена за трката за Големата награда на Русија во Сочи.

Во февруари беше донесена одлука трката во Сочи да се исфрли од календарот поради руската инвазија во Украина, по што се бараше замена, но сепак не се најде идеален кандидат.

„Ќе останеме на 22 трки оваа година. Нема да биде додадена ниту една во календарот“, соопштија од раководството.