Првиот тренинг во Баку беше прекинат поради бизарна причина! (ВИДЕО)

Првиот тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда во Азербејџан беше прекинат, откако возачот на Вилијамс, Џорџ Расел налета на шахта.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер најпрво со својот болид го помести капакот на шахтата, а потоа Расел налета на неа и го оштети болидот, чии делови беа насекаде по патеката.

Работите за Расел дополнително се влошија, кога камионот кој го носеше неговиот болид ја закачи рекламата над патеката, па хидрауличното масло заврши на болидот на Вилијамс.