Поранешниот прв човек во Ф1 ќе стане татко на 90 години!

Поранешниот прв човек во Формула 1, Берни Еклстон дозна одлични вести во текот на денешниот ден. Неговата сопруга Фабијана Флоси, која има 44 години е бремена, а британскиот милијардер на 90 години ќе стане татко по четврти пат.

Ова ќе биде нивно прво заедничко дете, а четврто на Еклсон, кој зад себе има три неуспешни брака. Првпат се венчаше во 1952 година и тоа со Ајви Бамфорд, со која ја има ќерката Дебора.

Не е познато на јавноста кога Еклстон се разделил од неа, а следниот брак на милијардерот му беше со Славица Радиќ. Тие се венчаа во 1985 година, а по 11 години се разведоа. Тие двајца имаат две деца.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

When you working...you got to wear the uniform #sochi #russiangrandprix 📸by Steven Domenjoz

A post shared by Fabiana Ecclestone (@fabianaecclestone) on