Поради поплавите во Италија - откажана е Ф1 трката во Имола! (ВИДЕО)
Информацијата меѓу првите ја сподели „Скај спортс“, официјалниот пренесувач на трките во Ф1 во Влика Британија, споделувајќи и видео-материјали од самото место.
Италија ја зафатија обилни дождови, кои направија масовни поплави во тој дел на Италија, во Тоскана и во Емилија-Ромања, па проблемите се насетија уште во понеделникот. Според протоколот, екипажите уште тогаш ја истоваруваат својата опрема на патеката каде што ќе се вози, со таа разлика што сега, само што се истовариле, добиле насока да го напуштат целиот комплекс на „Аутодромо Енцо е Дино Ферари“, во Имола.
Оттогаш, екипажите на екипите не можеле да пристапат до патеката поради поплавените патишта. Видеото на „Скај спортс“ покажува како реката Сантерно, која тече веднаш близу патеката е, речиси, на исто ниво со брегот и сето тоа придонесе, едноставно, Формула 1 да ја откаже трката.
Ова значи дека штом ќе биде возможно и безбедно, тимовите ќе го товарат својот багаж и целата опрема и ќе се насочат кон Монте Карло, за следната трка, предвидена за 28 мај.