Организаторите предупредуваат: Ф1 трката во Сингапур е неизвесна!

Организаторите на трката за Големата награда на Сингапур се загрижени за состојбата со животната средина во регионот пред трката од шампионатот во Формула 1.

Шумските пожари во соседна Индонезија предизвикаа Сингапур периодично да се покрива со густ смог, што може да го загрози здравјето на учесниците и гледачите на трката за Големата награда на Сигапур.

Ние развивме план, договорен со сите страни, вклучително и Формула 1. Доколку поради смогот има проблеми со видливоста, закани по здравјето на јавноста или тешкотии во организацијата, ќе преземеме соодветни мерки и колективно ќе одлучиме што да правиме со трката, изјави претставникот на патеката „Марина Беј“.

Трката во Формула 1 ќе се вози овој викенд.