Очекувана одлука: Латифи си заминува од Вилијамс

Николас Латифи ќе го напушти тимот на Вилијамс по завршувањето на оваа сезона. Канаѓанецот ја вози третата година во болидот на англискиот тим, но без некој позначаен успех. 

Возеше на 55 трки за Вилијамс и освои вкупно седум бодови досега. Тимот објави дека го задржува Алекс Албон и за 2023 година, но името на вториот возач ќе го соопшти наскоро. 

Шпекулациите велат дека Вилијамс ќе му даде шанса на Ник де Врис, кој го менуваше Албон на Монца и успеа да финишира на 9.место. Има и други возачи кои би можеле да бидат во игра за место во болидот на еден од најслабите тимови последните години.