Норис побрз од Леклер и Пјастри за пол-позиција во Монако

Возачот на Мекларен, Ландо Норис беше фантастичен во квалификациите за трката на Големата награда на Монако и ја освои пол-позицијата пред големиот ривал Шарл Леклер.

Леклер имаше одлични тренинзи и најави дека ќе се бори за првата позиција во квалификациите на домашен терен, меѓутоа Норис во последните секунди обезбеди време од 1:09.954 за пол-позиција.

Леклер беше втор со време од 1:10.063, додека од третата позиција ќе тргне Оскар Пјастри од Мекларен.

Во топ-10 се уште и Луис Хамилтон, Макс Ферстапен, Исак Хаџар, Фернандо Алонсо, Естебан Окон, Лиам Лосон и Александер Албон.