Невролог откри детали за состојбата на Шумахер: Буден е, дише, но...

Германскиот невролог Ерих Ридерер откри детали за здравствената состојба на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер, кој имаше несреќа на скијање во 2013 година.

Шумахер се повреди на Алпите и последните седум години светот не доби точни информации за здравствената состојба на Германецот.

Неврологот за првпат во изјава за италијански „Кориере део Спорт“ ја опиша состојбата на поранешниот шампион во Ф1.

„Шумахер е буден, дише, срцето му има убав ритам. Веројатно може и да седи, дури и да направи некој чекор со помош на други, но не повеќе од тоа. Повредите кои ги заработи се трајни и не постои процес кој би можел да ја подобри неговата сегашна состојба. Тој е буден, но не одговара“, вели докторот.