„Не беше тешко да го убедиме Хамилтон да потпише за Ферари“
Хамилтон на крајот на сезоната во Формула 1 го напушта Мерцедес по 12 години и се сели во Ферари.
„Ние во 2023 година победивме во повеќе трки отколку Мерцедес, почетокот на сезоната исто така беше добар, па не ни беше тешко да го убедиме Хамилтон да потпише со нас. Ферари имаше добар проект, мислам дека тоа му се допадна на Луис“, вели Васер.
Хамилтон за првпат ќе го вози болидот на Ферари на претсезонските тестирања во Бахреин од 26 до 28 февруари.