Накагами најбрз на квалификациите во Арагон – прв Јапонец по 16 години со пол-позиција!

Јапонскиот мотоиклист Такааки Накагами ќе стартува од пол-позицијата на утрешното гран при во Арагон во Шпанија, откако денеска беше најбрз на официјалните квалификации и со тоа стана првиот јапонец по 16 години кој освоил пол-позиција.

Мотоциклистот на ЛЦР Хонда го достигна Макота Тамада, кој во 2004 година беше последниот Јапонец со пол-позиција во „кралската класа“, а зад него во првиот ред ќе тргнат Франко Морбидели и Алекс Ринс.

Ова беше прва пол-позиција и за Хонда по Херез во 2018 година, а Накагами е шестиот различен мотоциклист во оваа сезона кој освојува пол-позиција во трковната сезона.

Утрешното гранпри во Арагон стартува од 13 часот.