На „Монца“ ќе има минута молчење во чест на Кралицата Елизабета

Трката за Големата награда на Италија во Формула 1 што се вози денеска на „Монца“ ќе започне со минута молчење поради смртта на Кралицата Елизабета Втора. 

Организаторите на Ф1 објавија дека ќе се одржи минута молчење во 14 часот и 44 минути. 

Дел од тимовите како Мекларен, Астон Мартин, Вилијамс и Алфа Таури на своите болиди ќе имаат посвета за Кралицата, која почина во четвртокот на 96-годишна возраст.