Морбидели на пол-позицијата на „Каталуња“, Роси конечно од првиот ред

Франко Морбидели стигна до првата пол-позиција во кариерата за утрешната трка во Барселона за Големата награда на Каталонија во Мото ГП шампионатот. 

Јамаха го комплетираше првиот стартен ред за утре на „Каталуња“, бидејќи Морбидели имаше најбрзо време од 1:38,798 минути. Зад него финишираа Фабио Квартараро и легендарниот Валентино Роси. За ветеранот ова е најдобар пласман во квалификациите по „Силверстоун“ во 2019 година.

Џек Милер беше четврти, а потоа следуваат Маверик Вињалес, Јоан Зарко, Пол Еспаргаро, Жоан Мир и Данило Петручи.