Милер славеше по пет години пауза, Квартараро се распадна во финишот на трката (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Џек Милер триумфираше на трката за Големата награда на Шпанија, односно четвртата трка од годинешниот Мото ГП шампионат.

Милер ја запиша првата победа по пауза од пет години, односно втора во кралската класа, додека може да се пофали и со фактот дека му ја донесе првата победа на Дукати во Андалузија од 2006 година.

Тимот има причина за среќа бидејќи колегата на Милер, Франческо Бањаја го освои второто место, додека третата позиција му припадна на Франко Морбидели.

Покрај победата на Милер, трката ја одбележа и целосниот распад на Фабио Квартараро на патеката. Французинот на десет кругови пред крајот почна да губи време, а Милер го премина, по што Квартараро ја заврши трката дури на 13. место.

Деветкратниот светски шампион Валентино Роси имаше уште една трка за заборав бидејќи го освои 17. место.