Мартин победи во Индонезија, мотоциклот на Маркез се запали (ВИДЕО)

Прв до целта на Мото ГП трката за Големата награда на Индонезија стигна Хорхе Мартин, а впечатлив беше и инцидентот на Марк Маркез кој мораше да се повлече откако неговиот мотоцикл се запали.

Мартин беше најдобар и во квалификациите, доминираше и во денешната трка, победи и го задрша првото место во генералниот пласман.

Второто место му припадна на Педро Акоста, а место на подиумот имаше и за Франческо Бањаја. 

Трката ја одбележа и инцидентот во кој учествуваше осумкратниот светски шампион, Марк Маркез кој мораше да се откаже во 12. круг откако се запали неговиот мотоцкл.