Маркез заработува 15 милиони евра по сезона

Марк Маркез со години е еден од најдобрите возачи во Мото ГП. Шпанецот на Хонда ги руши сите пред него, па веќе освои шест титули.

Заедно со успесите доаѓаат и парите, а директорот на Дукати откри колку пари заработува Шпанецот.

„Не е точно дека не го контактиравме Маркез, но тој ни кажа дека приоритет му е да остане во Хонда. Јапонците му обезбедија плата, која изнесува 15 милиони евра годишно“, вели директорот на Дукати.

Новата сезона во Мото ГП треба да почне на 19 јули со трката за Големата награда на Шпанија.