Маркез со десетта пол-позиција по ред на „Захсенринг“ и нов рекорд

Марк Маркез денеска дојде до десетта пол-позиција по ред на „Захсенринг“ за Големата награда на Германија и притоа постави нов рекорд на патеката, откако го урна својот поставен лани во рамки на Мото ГП шампионатот. 

Шпанецот со својата Хонда извозе круг со време од 1:20,195 минути, а зад него ќе стартува Фабио Квартаро на Јамаха, а потоа следува уште еден мотоциклист на Јамаха, Маверик Вињалес.