Маркез немаше победа скоро три години, а сега врза две во низа

Марк Маркез скоро три години чекаше на победа во Мото ГП шампионатот, но сега успеа да врзе две во низа, Шпанецот беше победник на денешната трка која се возаше за Големата награда на Сан Марино и Римини.

Последната победа за Маркез пред минатонеделната во Мизано беше во 2021 година. На патеката денеска Маркез одлично се снајде, иако трката се возеше во услови на дожд.

Зад него на второто место беше Бањаја, а подиумот го дополни Бастијанини.