
Маркез доби дозвола да вози на трката во Франција
Маркез доживеа скршеница на раката при падот на првата трка оваа сезона, која се возеше за Големата награда на Португалија.
„Среќен сум што се враќам. Му благодарам на мојот медицински тим за професионалноста и советите кои ми ги даваше во изминатите недели. Како возач, сакаш да се вратиш што е можно порано“, кажа Маркез.
Маркез во моментов е на 19. место и има 80 бодови помалку од лидерот Франческо Бањаја.