Марк Маркез победник на трката за Големата награда на Арагон
Возачот на Дукати денеска славеше во трката за Големата награда на Арагон и тоа со 4.7 секунд предност во однос на второпласираниот Хорхе Мартин. На третата позиција заврши Акоста од КТМ.
Со овој триумф Маркез донесе втор последователен успех за Грезини Дукати во Арагон каде пред две години победи Енеа Бестаианини.
Следната трка во Мото ГП шампионатот е закажана за 8 септември и ќе се вози во Сан Марино.