Квартараро владее во Херез - четврта пол-позиција по ред

Фабио Квартараро беше најдобар во денешните квалификации за утрешната трка за Големата награда на Шпанија во рамки на Мото ГП шампионатот. 

Мотоциклистот на Монстер Јамаха стана првиот во историјата со четири пол-позиции по ред на патеката во Херез. За актуелниот лидер во генералниот пласман ова беше втора пол-позиција сезонава и финишираше пред Франко Морбидели од Петронас Јамаха и возачот на фабричкиот Дукати, Џек Милер.

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез, кој имаше опасно излетување за време на третиот слободен тренинг денеска, во квалификациите заврши на 14-тото место што е најлош пласман во неговата кариера.