Квартараро со рекордно време до пол-позиција на Силверстон

Фабио Квартараро продолжи со одличните резултати во квалификациите, па така денеска ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстон.

Францускиот возач постави рекордно време на Силверстон кое изнесуваше 1:57.233, додека зад него заврши Алекс Маркез, а третата позиција беше резервирана за Франческо Бањаја.

Марк Маркез разочара на денешните квалификации во Велика Британија бидејќи во последниот круг направи голема грешка и го освои четвртото место.

Фото: EPA PHOTO