Емотивен ден во Мадрид: Шпалир за Модриќ на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид триумфираше против Реал Сосиедад со 2-0, но резултатот остана во сенка на збогувањето со тренерот Карло Анчелоти и хрватскиот фудбалер Лука Модриќ.

Емотивна беше завршницата од дуелот, кога фудбалерите направија „шпалир“ за Модриќ додека покрај аут-линијата го чекаше Тони Крос.