Квартараро е нов светски шамион во Мото ГП

Фабио Квартараро е нов светски шампион во Мото ГП шампионатот, откако Франческо Бањаја направи голема грешка на трката за Големата награда на Италија.

Бањаја беше лидер на четири ипол круга до крајот на трката во Мизано и имаше шанси во последните две трки од сезоната да се бори со Квартараро за титулата, но големата грешка скапо го чинеше и го крунисаше Французинот за нов светски шампион.

Победник на трката беше возачот на Хонда, Марк Маркез, доедка Пол Еспаргаро заврши втор, а третата позиција му припадна на Енеа Бастијанини.