Квартараро беше најбрз во Италија и стигна до трета победа сезонава (ВИДЕО)

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро триумфираше на шестата трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Италија.

Французинот за првпат во кариерата славеше во Италија, каде што стигна до третата победа сезонава, односно седми триумф вкупно во кариерата.

Најблиску до Квартараро на целта беше Мигел Оливеира, но задоцни две ипол секунди и заврши на втората позиција, додека третото место му припадна на Жоан Мир од Сузуки.