Квартараро до десета пол-позиција и со повреден колк!

Актуелниот лидер во Мого ГП, Фабио Квартараро денеска стигна до десетата пол-позиција за гранприто во Арагон и тоа повреден, откако заработи повреда на колкот после тежок пат на третиот слободен тренинг во овој мотоциклистички викенд од „кралската класа“.

Квартараро со својата Јамаха имаше тежок пад на третите слободни тренинзи, пред официјалните квалификации, но по лекарските прегледи немал скршеница и посериозна повреда, па седна на моторот и извозе најбрз круг за нова пол-позиција. 

Заврши со круг од 1:47,976 минути и само 46 стотинки побрзо од Маверик Вињалес, исто така од Јамаха, кој ќе тргне од втората позиција. Кал Крутчоу со Хонда заврши трет, а Франко Морбидели на Јамаха ќе тргне на утрешното гран при од четвратата позиција, додека од петтото и шестото место ќе стартуваат Џак Милер на Дукати, односно Џоан Мир на Сузуки.