Канада остана без трка во Ф1, Турција ќе биде заменски домаќин!

Формула 1 ги потврди промените во календарот за тековната сезона. И годинава нема да се вози трката за Големата награда на Канада, па како замена е избрана Турција, која ќе биде домаќин од 11 до 13 јуни.

Поради рестрикциите не е можно организирање на трка во Канада бидејќи властите бараат 14-дневен карантин за сите кои ќе влезат во државата.

Трката во Ф1 се возеше во Истанбул и минатата година, и тоа по пауза од девет години, а токму на неа Луис Хамилтон се избори а седма титула како светски првак.