Инцидент во Мајами: Гасли се преврте со болидот (ВИДЕО)

Хаотичен почеток на трката за Големата награда на Мајами, каде што настрада болидот на Пјер Гасли, кој се преврте по еден контакт со ривал.

Гасли со болидот се преврте покрај патеката, а со тоа ги исплаши сите, меѓутоа набрзо се јави на радио и кажа дека не е повреден.