Игор Стефановски не ја заврши трката, Давидовски стигна до 15. позиција!

Нашиот возач Игор Стефановски – Иџе повторно немаше среќа на трките од шампионатот во ТЦР-серијата, откако на денешната трка во Зандворт, Холандија не стигна до целта.

На почетокот на трката имаше несреќа помеѓу три возачи на Хјундаи, Рис Бар, Даниел Наџ и Игор Стефановски и еден на Пежо, Жулиен Брише.

Возачот на Хјундаи, Бар го допре тркалото на Наџ, по што заврши во заштитната ограда, а Стефановски иако се обиде да ги избегне двајцата, удри во Пежото на Брише, по што ја заврши трката.

На трката во Зандворт до победа стгина Микел Аскона, а нашиот втор возач Виктор Давидовски ја заврши трката на 15. место.