Иџе: Требаше да имам два подиуми, но судиите мислеа поинаку

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе беше еден од најбрзите на патеката „Имола“ за време на трката во италијанскиот ТЦР-шампионат, но на крајот остана без подиум и на двете трки.

Вчера Иџе иако требаше да победи, заработи казна од пет секунди поради неправилно позиционирање на стартот на трката, а денеска воопшто не ја заврши трката во знак на протест.

Тој беше во борба за првото место, но имаше мал контакт со еден од ривалите и беше казнет со 25 секунди, па Иџе еден круг пред крајот реши во знак на протест да се повлече од трката.

„За жал неможеме ништо против одлуките на судиите,они го имаат првиот и последниот збор 😞 сакам да се заблагодарам на луѓето кои беа овој викенд со мене,мојот тим кој направи се за да имам возило подготвено за подиум,моите спонзори без кои ова не би било возможно,луѓето од мојот клуб кои дават се од себе да ги имам сите потребни услови 🙏 но за жал сепак други одлучуваат за пласманот иако требаше двапати да сме на пиедестал тоа сепак не се деси.И фала на сите за огромната подршка која ми ја давате ,се надевам не ве разочарав 😉,Се гледаме во Македонија!“, напиша Иџе на социјалните мрежи.